ПМФЛ: Моќниот Тиквеш против Шкендија (А) оди по “три од три“, Силекс ги дочекува “пиратите“

100
ФОТО:.facebook.com/FCTikves1930Kavadarci

Откако вчера Арсими со 1:0 славеше против Башкими на отворањето на 3.коло, денеска на програмата се два меча, Тиквеш – Шкендија Арачиново и Силекс – Скопје.

По првите две кола Тиквеш е лидер со максимални 6 бода и гол разлика 10:1. Само Тиквеш и Шкендија се максмални. Кавадарчни денеска од 16.30 часот на свој терен ја пречекуваат Шкендија Арачиново и не кријат дека сакаат нова победа за “три од три“. Сепак нема да биде лесно за момците на стратегот Оливер Богатинов. Ако Арсими и Башкими во првите две кола за Тиквеш беа “песна“, денеска кавадарчани ќе се соочат со сериозен тим, а тоа најдобро го знае Силекс кој дојде само до бод со Шкендија Арачиново.

Сепак, ако Тиквеш одигра како што знае, има големи шанси и по ова 3.коло да остане на лидерската позиција на табелата.

Во Кратово од 16 часот, се среќаваат Силекс и Скопје. Секако дека домашните се фаворити, се очекува победа на составот на Александар Васоски, но Скопје во минатото коло против Струга ТЛ покажа дека знае да ги изненади фаворитите.

Утре се играат натпреварите Струга ТЛ – Вардар и Шкендија – Брегалница.

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА

Кратово: Силекс – Скопје (16.00 ч)

Кавадарци: Тиквеш – Шкендија Арачиново (16.30 ч)

ПретходноПоранешниот соиграч на Антиќ е трејдуван во Шарлот
СледноМурињо веќе има голема главоболка во Реал