Од 21 август до 3 септември во Таранто ќе се одржат Медитеранските Игри, а македонските спортисти ќе бидат дел од едно од најзначајните мултиспортски натпреварувања во регионот, каде ќе ги одмерат силите со најдобрите спортисти.
Македонија годинава ќе настапи со досега најбројната делегација на Медитеранските игри, составена од околу 130 учесници.
Покрај спортистите, нашата земја ќе ја претставуваат и докажани судии. Една од нив е Фросина Цонева. Таа е избрана од страна на “World Triathlon”, како една од 12-те заслужни Европски судии, кои ќе судат на овие Медитерански игри во Таранто.
Трките се закажани за 29. и 31. август.










