Интересно: Еве што Винчиќ го молел Меси за време на финалето на СП!(ВИДЕО)

222
ФОТО:.facebook.com/AFASeleccionEN/

Пред речиси еден месец, во Њујорк се играше финалето на Светското првенство помеѓу Аргентина и Шпанија, кое “Црвената Фурија“ го доби со минимален резултат од 1:0 по продолженијата.
Честа да го суди ова финале му припадна на словенечкиот судија Славко Винчиќ кој одлично ја заврши работата, а овој натпревар беше огромен предизвик поради сите валкани потези што ги видовме од играчите на Аргентина.
“Гаучосите“ влегоа во овој натпревар доста жестоко од самиот почеток и покажаа дека се повеќе фокусирани на физичката пресметка со Шпанците отколку на желбата да го загрозат голот на противникот. По завршувањето на натпреварот, имаше и тепачка предизвикана од намќорестите Аргентинци, за која некои од нив сигурно ќе бидат казнети откако ФИФА ќе ја заврши истрагата.
Најкритикуван беше Леандро Паредес, кој влезе на теренот на полувремето, а потоа почна да ги „тепа“ Шпанците. Паредес беше тој што ја започна тепачката на крајот од натпреварот кога го зграпчи Ерик Гарсија за вратот, го турна Гави и почна да ги удира со рацете. Винчиќ сфати дека Паредес е „темпирана бомба“ веднаш по почетокот на второто полувреме кога имаше неколку бурни стартови, поради што му даде жолт картон веќе во 52-та минута.
Се појави и видео на кое се гледа дека Винчиќ го молел Меси во речиси секој разговор до крајот на натпреварот да обрне внимание на Паредес и да се обиде да го смири.


„Меси, контролирај го Паредес. Тој има жолт картон. Те молам контролирај го. Секогаш, секогаш мора да страдаш за него“, му рекол Винчиќ на капитенот на Аргентина. Дека Словенецот бил во право се виде по натпреварот кога грубиот Паредес создаде целосен хаос на теренот, поради што ФИФА покрена дисциплинска постапка против него.
Патем, Аргентинците го завршија финалето со еден играч помалку кога Енцо Фернандез беше исклучен во судиското продолжение поради вториот жолт картон.

ПретходноОлеснување за сите во Баерн Минхен: Мусиала се чувствува добро
СледноПАПАРАЦО: Моментот кога Герсон Родригез ги прегази сите црвени линии!