Двоен триумф на Сара Митевска на турнирот Југ опен во Скопје

34

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16 години) со два пехара го заврши настапот на тунриот Југ Опен 2026 што изминативе денови се одржуваше на терените на ТК југ во Скопје. Турнирот е од рангот Ј60 Скопје за тенисери и тенисерки до 18 години.

Митевска во сингл финалето денеска ја совлада Верица Зориќ од Србија со 2-1 во сетови (26 63 63). Македонската тенисерка заедно со Андреја Глушкова од Бугарија беа најуспешни и во конкуренција на двојки откако во финалето ги совладаа Анастасиа Димитриев и Ноел Зема од Италија со 2-1 во сетови (63 26 10-4 на поени).

Кај момчинањата македонскиот претсавник Ерион Незири заедно со Лазар Младеновиќ од Србија триумфираа во игра на двојки откако во финалето со 2-0 во сетови (63 61) ги совладаа Борис Борисов и Борис Начев од Бугарија.

Во поединечна конкуренција кај момчињата од македонските претставници Кристијан Јанев беше учесник во четвртфиналето.

Во текот на следната недела на терените на ТК Југ ќе се одржува третиот од четирите турнири во Скопје – Интеко опен.

ПретходноХајдук донесе репрезентативец на Босна
СледноПМФЛ полувреме: Струга ТЛ и Вардар во дербито засега без голови