Младиот македонски пливач Никола Ѓуретановиќ денеска го имаше својот настап на Европското пливачко првенство кое што се одржува во Париз.
Најдобриот македонски пливач настапи во квалификациите на 400 метра и го освои 49. место.
Ја исплива за 4:04.05 минути, во конкуренција на 55 пливачи. Во однос на победникот во квалификациската група, Оливер Клемент, македонскиот репрезентативец заостана 19 секунди.
Ѓуретановиќ сепак, го одработе своето во трката на 200 метри каде што го собори националниот рекорд на Александар Маленко поставен во 1996 година.










