Австрија ги отвори картите за пресметката со Македонија

158

Австрија ќе биде засилена со неколку важни кошаркари за дуелот со Македонија на 30 август во Виена. Селекторот Арамис Наглиќ го објави списокот од 13 играчи, предводен од најдобриот стрелец во квалификациите за СП 2027, Богиќ Вујошевиќ, кој просечно постигнуваше 19,8 поени.

Во составот се враќа и Рашан Мбемба, кој по речиси четири години повторно ќе биде дел од националниот тим. На списокот се и Ерол Ершек, Даниел Фридрих, Јакоб Лор, Даниел Кепел, Старлин Иноа Гил, Елвир Јакуповиќ, Флоријан Кепел, Нордин Капиќ, Нико Железник, Тимо Ланмилер и Нордин Кабер.

Австрија нема да може да смета на НБА-играчот Јакоб Пелтл, кој не доби дозвола од Торонто Репторс за настап. Поради повреди ќе отсуствуваат Лука Брајковиќ и Силвен Ландесберг, додека Себастијан Кеферле е отсутен од лични причини.

Дуелот Австрија – Македонија е закажан за 30 август од 16:05 часот во „Спорт Арена Виена“, во рамките на втората фаза од претквалификациите за Евробаскет 2029.

Ростер на Австрија: Ерол Ершек, Даниел Фридрих, Јакоб Лор, Даниел Кепел, Старлин Иноа Гил, Елвир Јакуповиќ, Флоријан Кепел, Нордин Капиќ, Нико Железник, Тимо Ланмилер, Богиќ Вујошевиќ, Рашан Мбемба и Нордин Кабер.

ПретходноГРК Охрид брани нов трофеј, Вардар има шанса да му се реваншира
СледноРодри го направи последниот чекор пред официјализирање на трансферот во Барселона