Виктор Треневски е нов тренер на Бежанија

147

Српските медиуму јавуваат дека по децении фудбалска и тренерска кариера надвор од Србија, Виктор Треневски се враќа онаму каде што ја доживеа реално својата најголема афирмација. Во Белград.

Овојпат тој пристигнува како нов тренер на екипата на Бежанија, која што се обидува да се врати повторно на старите патеки и да стигне до највисокото фудбалско натпреварување кај нашиот северен сосед.

Треневски има богато играчко, а сега и тренерско искуство, а во Србија секако најмногу го помнат по настапите за Партизан.

„Сè уште не сум целосно запознаен со сите детали. Во изминатите два дена стапивме во контакт и многу брзо се договоривме, бидејќи немаше потреба премногу да размислувам. Особено што Бежанија има тежина и традиција, а гледам и дека условите се добри – теренот се реновира – па сето тоа заедно ме привлече да дојдам во српскиот фудбал. Имам поминато низ целиот Балкан, уште од златната ера на Партизан, преку другите републики, а еве ме повторно во Белград, кој за мене е посебен град.“ – изјави Виктор Треневски на промоцијата.

 

ПретходноМина суспензијата од Купот, Шкендија следното коло ќе игра пред публика
СледноТашовски: Ретко погодувам на ваков начин (ВИДЕО)