Вијера е нов селектор на Сенегал

37
ФОТО:.facebook.com/fsfOfficielle/

Од денеска и официјално Патрик Вијера е нов селектор на Сенегал. Интересно е што многумина дури и не знаеле дека Патрик Вијера е роден во Сенегал, поточно во Дакар. Значи, постои врска помеѓу поранешниот француски репрезентативец и неговата родна земја, сигурно ќе биде посебно и за него и за играчите кога ќе ја преземе тренерската палка. Тој е без работа од минатиот ноември, кога беше отпуштен од Џенова по 11 месеци на чело на италијанскиот тим.
Во својата тренерска кариера, засега управуваше со неколку клубови. Започна во Њујорк пред десет години, кога ја имаше својата прва тренерска работа во САД, каде што помина две години, пред да замине во Ница. И работеше таму две години, за да добие можност да го води Кристал Палас во Премиер лигата. Помеѓу англискиот клуб и Џенова, тој беше тренер на Стразбур, но навистина не остави посебен белег никаде. Беше далеку подобар играч отколку тренер, но дури ни тоа не може да се спореди ако земеме предвид каков фудбалер беше.

Претходно“Чкембари“ нема организирано да присуствуваат на мечевите на Пелистер во регионалната лига!(ФОТО)
СледноЛШ плеј-оф: Серафимов и Левски одиграа 0:0 против АЕК, и Динамо Загреб и Фенер без победа на свој терен!