“Чкембари“ нема организирано да присуствуваат на мечевите на Пелистер во регионалната лига!(ФОТО)

153
ФОТО:.facebook.com/1985ckembari/?locale=mk_MK

Фановите на РК Пелистер, популарните “Чкембари“, вечерва на своите социјални мрежи јавно објавија дека нема организирано да присуствуваат на мечевите на својот тим во регионалната лига.

Соопштението на “Чкембари“ ви го пренесуваме во целост:

Ја известуваме битолската спортска јавност дека навивачката група Чкембари нема да присуствува организирано на натпреварите од регионалната ракометна лига.

Ова натпреварување не е приоритет за групата, а сметаме дека ниту начинот на кој е составен распоредот не остава впечаток дека лигата е сфатена со потребната сериозност. Во само седум дена се предвидени три домашни натпревари, што според нас дополнително го девалвира значењето на самото натпреварување.

Сметаме дека во вакви услови и нашиот клуб не треба да ја третира регионалната лига како натпреварување од највисок приоритет.

Сепак, ги охрабруваме сите навивачи на Пелистер кои се во можност да присуствуваат на натпреварите и да им дадат поддршка на нашите ракометари, пред почетокот на новата сезона.

Чкембари“.

ПретходноМанчестер Јунајтед купува стопер во Германија
СледноВијера е нов селектор на Сенегал