Синер ќе игра на УС Опен само под еден услов

482

Најдобриот тенисер во светот, Јаник Синер, сè уште не е сигурен дека ќе игра на Отвореното првенство на САД. Бранителот на титулата има здравствени проблеми, има проблем со коленото, веќе некое време се лекува во Торино.

Во неделата го прослави својот 25-ти роденден, а во понеделник се врати во Торино за да ги продолжи терапиите. Тој исто така одработи тренинг насочен кон тестирање на состојбата на коленото.

Понеделник и вторник ќе бидат клучни за одредување на следните чекори и датумот на заминување за Америка.

Како што пишува „Газета“, Синер ќе лета за Њујорк само ако е 100 проценти подготвен.

Во спротивно, Отвореното првенство на САД, кое е закажано за 30 август, ќе има нов шампион.

ПретходноВисок функционер на ФИФА јавно го критикуваше Инфантино и беше отпуштен
СледноСопствениците на Челзи во преговори за продажба на своите акции