“Бомба“: Алварез си оди од Мадрид, ама не во Барселона туку во Лондон?!

396
ФОТО: La Liga/FB

И тоа каква “бомба“ лансираат медиумите на Островот, пред се “Гардијан“. Имено откако Диего Симеоне искочи со изјава дека сагата со Алварез е завршена, и дека тој останува во Атлетико Мадрид, доцна попладнево нова информација.

Познато е дека Аргентинскиот напаѓач сака да се пресели во Барселона, но Атлетико Мадрид би сакал да го продаде на Арсенал отколку директно да го засили својот голем ривал од Ла Лига, пишува „Гардијан“. Се очекува наскоро да се одржи состанок меѓу претседателот на клубот, Мигел Анхел Жил Марино, и Алварез, за ​​да се разговара за неговата иднина. Ситуацијата дополнително ескалираше откако Диего Симеоне потврди дека Алварез нема да го започне првенствениот натпревар против Малага. Аргентинецот претходно јавно ја изрази својата желба да си замине, додека Атлетико во моментов тврди дека не сака да го продаде.

ПретходноСега е официјално: Барселона го претстави Родри!(ФОТО+ВИДЕО)
СледноВака се делат премии во Албанија: Влета во соблекувалната со вреќа пари, а потоа…(ВИДЕО)