Вардарци го прегази, просто го декласира Олимпијакос и тоа со 39:27 на отворањето на турнирот “Крсте Андоновски“ во Охрид. Едноставно грчкиот тим не беше никаква закана за шампионот на Македонија кој настапи без капитенот Лазаревски. Но и без него Вардар покажа сила.
На самиот почеток беше израмнето, 3-3, но Вардар потоа дојде до позитива од 6-3. Фантастичен во овој период беше голманот Валах, тоа Вардар го искористи и ја зголеми предноста на 12:3.
На пауза се отиде со резултат 21:11 и тоа најмногу поради 13-одбрани на Валах и 7-те голови на Воркапиќ.
И тука беше јасно кој ќе победи на овој натпревар. Следуваше само рутинско одработување на задачата на четата на стратегот Иван Чупиќ за да на крајот резултатот гласеше 39:27 или победа на Вардар со +12 голови разлика.
Со 15-те интервенции Валах беше прогласен за МВП на мечот, додека Воркапиќ и Фадуиљ постигнаа по седум голови.










