Не знае за доста: Дориев со нов гол во шампионатот на Узбекистан!

62

И навистина не знае за доста. Љупчо Дориев продолжува да блеска во шампионатот на Узбекиста. Нов меч, нов гол на македонскиот интернационалец во дресот на Согдиана, и тоа 13-ти со што и натаму суверено е најдобар стрелец во елитната лига во Узбекистан.

Поплднево во меч од 18.коло, Дориев стрелаше во 38.минута за 1:0 за Согдиана, на крајот овој натпревар заврши со победа на тимот на Македонецот со 2:1 со што и дефинитивно избега од опасната зона на табелата откако имаше лош старт во сезоната. Сепак головите на Дориев во последните неколку меча, ја носат Согдиана во средината на табелата по ова 18.коло.

ПретходноЈувентус и официјално има нов голман
СледноВалах фантастичен: РК Вардар го прегази Олимпијакос