Најновото засилување на тимот на Милан, Диего Мореира денеска пристигна во Милано, каде што откако ќе ги мине лекарските прегледи ќе може да го потпише договорот со легендарниот клуб од Сан Сиро.
Мореира пристигнува од Стразбур во голем трансфер вреден околу 50 милиони евра. Белгискиот интернационалец игра и повеќе од добро во изминатите сезони, па ваквиот развој на настаните воопшто не изненадува.
Тој е сериозно засилување за Милан на левата бековска позиција, каде што со успех покрај во Стразбур настапуваше и во Челзи односно Бенфика.










