Здравко Чолиќ го „истера“ Пелистер во Кавадарци

211
Фото: ФБ/Ivan Culakoski

Од ФК Пелистер предмалку информираа дека следниот меч од ВМФЛ конкуренцијата кој што битолчани како домаќини требаше да го одиграа на свој терен на стадионот Петар Милошевски, ќе биде одигран во Кавадарци.

Причината поради која што Брера наместо во Битола ќе гостува во Кавадарци е состојбата на теренот на „Петар Милошевски“ односно поради санацијата на истиот.

СпортСпорт напиша и објави какви последици теренот во Битола имаше поради одржувањето на концертот на Здравко Чолиќ, па очигледно дека градските власти одлучија да реагираат и да го поправат.

Поради тоа Пелистер овој меч ќе го игра во Кавадарци, а потоа ќе се следи ситуацијата и ќе се одлучи што и како понатаму.

ПретходноМореира пристигна во Милано (ВИДЕО)
СледноМина суспензијата од Купот, Шкендија следното коло ќе игра пред публика