Ташовски: Ретко погодувам на ваков начин (ВИДЕО)

132

Македонскиот младински репрезентативец Васил Ташовски, е во центарот на вниманието во соседна Србија откако за својот тим Младост Лучани изминатиот викенд го постигна победничкиот гол на гостувањето кај Земун.

Ташовски кој што од скоро е дел од националниот тим на Македонија доби сениорска шанса во Лучани и фантастично ја искористува во моментов.

„Беше тежок и неизвесен натпревар. Мило ми е што мојот гол се покажа како одлучувачки, но немаше да успеам без помошта на моите соиграчи. Им благодарам на сите, како и на стручниот штаб за укажаната доверба. Не сум постигнал гол на ваков начин многу често. Тоа што рано поведовме на натпреварот ни овозможи да играме помирно. Секако, бевме свесни дека работата сè уште не е завршена, но ја имавме контролата. Исто така, ни помогна и тоа што противникот го заврши натпреварот со десет играчи“ – изјави Ташовски за „Журнал“.

За пошироката македонска јавност, Васил Ташовски е момче кое што е родено 2007 година во Белград, и е дете на Чукарички. Играше и во Партизан, во Напредак Крушевац пред да дојде во Младост Лучани.

ПретходноВиктор Треневски е нов тренер на Бежанија
СледноЈувентус и официјално има нов голман