Медведев имаше три меч-топки, па доживеа неверојатен пресврт!

196

Брендон Накашима направи голем пресврт во Синсинати. Американецот спаси три меч-топки и го совлада Данил Медведев со 6:7 (3), 7:6 (4), 6:1.

Медведев при резултат 5:4 во вториот сет имаше три врзани меч-топки на сервис на Накашима, но Американецот успеа да се извлече и целосно да го сврти текот на мечот.

Третиот сет го доби убедливо, по два часа и 51 минута игра.

Накашима така продолжи со одличната серија на северноамериканската турнеја. Минатата недела го играше своето прво финале на Мастерс 1000 турнир во Монтреал, а сега стигна до четвртото коло во Синсинати.

Таму го очекува Нуно Боржеш, кој го совлада Андреј Рубљов со 6:3, 6:4.

Во Синсинати понатаму се пласираше и Феликс Оже-Алиасим, кој беше подобар од Хуан Мануел Серундоло со 7:5, 6:1. Канаѓанецот во следното коло ќе игра против Френсис Тиафо, кој по голема борба го совлада Лернер Тиен со 6:4, 4:6, 6:4.

ПретходноМикел Артета: Сакаме да го направиме Арсенал најдобар клуб во светот
СледноМарио Цвитановиќ ќе го гаси пожарот во Вардар!?