Новеска одбра 14. имиња за Медитеранските игри

188

Македонската младинска женска репрезентација ќе настапи на Медитеранските игри во Таранто. Селекторот на оваа генерација, Даниела Новеска Вељановска го објави конечниот список на кој се наоѓаат 14 ракометарки.

Новеска нема да може да смета на целиот потенцијал, но сите кои се најдоа во планот на нашиот национален тим ќе имаат квалитетни мечеви и секако големо искуство.

Македонија ќе го започне својот настап на Медитеранските игри со дуелот против Грција на 22 август, а ќе игра уште против домаќинот Италија, Тунис и Алжир, а на 1 септември е дуелот за пласман.

ПретходноИвица Димчевски се пресели во Штип
СледноРома го доведе тинејџерот на Порто