Соколи е без „сопирачка“ – потпиша уште едно засилување

182

Екипата на Соколи од Штип додека чека и официјална потврда од Кошаркарската федерација на Македонија за настап во Супер-лигата во брз ритам го создава тимот за следната сезона.

После Александар Костоски и Ивица Димечвски, во својот ростер Марјан Србиновски го додаде и младиот Хусеин Бајрам, кој доаѓа од тимот на Вардар.

„Нашиот тим добива нова енергија со доаѓањето на Хусеин Бајрам!
Младиот поранешен капитен на Вардар носи борбеност, брзина и дополнителен квалитет.Во 2023 година беше најдобар стрелец на Вардар во решавачкиот натпревар.
Добредојде во семејство, Хусеин“, порачаа од Соколи. 
ПретходноПознат составот на фудбалската репрезентација за Медитеранските игри
СледноАворнио замина во Саудиска Арабија