Познат составот на фудбалската репрезентација за Медитеранските игри

238

Македонската фудбалска репрезентација ќе биде дел од Медитеранските игри кои што ќе се одржат од Таранто, Италија. Нашиот национален состав ќе биде предводен од селекторот Александар Таневски, што ќе рече дека одиме со У20 составот на овие игри.

Ние сме во групата со репрезентациите на Мароко, Тунис и Турција. Мечевите се пак закажани со следниот распоред, Мароко (26.08), Тунис (22.08) и Турција (24.08).

Селекорот Александар Таневски за натпреварите во Таранто ќе смета на следните фудбалери:

Голмани: Стефан Јованоски (Млада Болеслав), Чешка, Давид Илоски (Пелистер);

Одбрана: Златко Радески (Тетекс), Адис Мурати (Башкими), Давид Голубов (Детонит), Лука Атанасовски (Тетекс), Андреј Велков (Тиквеш), Андреј Мурџески (Скопје);

Среден ред: Омар Беровиќ (Скопје), Никола Манојлов (Силекс), Виктор Делов (Беласица), Емир Шаботиќ (Детонит), Харун Незировски (Хелсинборг);

Напад: Димитар Данев (Вардар), Салим Арифи (Митровица), Марко Николовски (Охрид Лихнидос), Давид Матески (Охрид Лихнидос), Андреј Стојановски (Скопје);

Медитеранските игри во Таранто се одржуваат во август и септември 2026 година, а фудбалскиот турнир е еден од спортовите во програмата на Игрите.

ПретходноРома го доведе тинејџерот на Порто
СледноСоколи е без „сопирачка“ – потпиша уште едно засилување