Екипата на Соколи од Штип додека чека и официјална потврда од Кошаркарската федерација на Македонија за настап во Супер-лигата во брз ритам го создава тимот за следната сезона.
После Александар Костоски и Ивица Димечвски, во својот ростер Марјан Србиновски го додаде и младиот Хусеин Бајрам, кој доаѓа од тимот на Вардар.
„Нашиот тим добива нова енергија со доаѓањето на Хусеин Бајрам!
Младиот поранешен капитен на Вардар носи борбеност, брзина и дополнителен квалитет.Во 2023 година беше најдобар стрелец на Вардар во решавачкиот натпревар.
Добредојде во семејство, Хусеин“, порачаа од Соколи.










