Кирјос суспендиран поради позитивен тест за кокаин

272

Австралискиот тенисер Ник Кирјос е привремено суспендиран поради позитивен тест на кокаин. Меѓународната агенција за интегритет во тенисот (ITIA) потврди дека примерокот кој Кирјос го дал на 22 јуни, за време на турнирот на Мајорка, содржел бензоилекгонин, метаболит на кокаин. Поранешниот 13-ти тенисер во светот е под привремена суспензија од 4 август.

Кирјос се огласи на Инстаграм, каде призна дека направил „огромна грешка“ за која презема „целосна одговорност“.

Поради суспензијата, 31-годишниот тенисер не смее да игра, да работи како тренер, ниту да присуствува на гренд слем турнирите и останатите натпреварувања под покровителство на АТП и ВТА.

Од ИТИА соопштија дека Кирјос има право да поднесе жалба на одлуката, но досега не го искористил тоа право.

Суспензијата доаѓа во година во која Кирјос се бори со повреди на коленото и зглобот. Поради здравствените проблеми, оваа сезона одигра само четири меча во сингл.

Последен пат настапи на Вимблдон, каде во конкуренција на двојки, заедно со партнерот Александар Бублик, беше елиминиран во првото коло.

ПретходноМарио Цвитановиќ ќе го гаси пожарот во Вардар!?
СледноДобро познато име се врати во Битола