РК Вардар: На гостувањето кај Мелсунген за фановите на “црвено – црните“ обезбеден е посебен блок!

105
ФОТО:Facebook.com/rkvardar

Како што попладнево потврдија од РК Вардар, на првиот меч во новата сезоната во Лигата на Шампионите, на гостувањето на Мелсунген тимот на Иван Чупиќ ќе ја има поддршката од фановите и дека за нив е обезбеден бил БЛОК 1.

Еве што соопштуваат од РК Вардар:

Почитувани,

По минатогодишната одлична соработка со МТ Мелсунген, така и оваа сезона, обезбеден е посебен блок за нашите навивачи.

Сите вие кои сакате да бидете дел од првиот настап на Вардар во Лигата на Шампионите по четири сезони и во живо да го бодрите нашиот тим, можете да го добиете вашиот билет на следниот линк >>>

https://www.ticket-onlineshop.com/…/venue/event/685140

Користејќи со кодот GASTVARDAR-7ZH5AC добивате попуст на истиот, се со цел РК Вардар да ги има своите најверни фанови блиску до себе на жешкиот терен.

Гостински блок е Block I

ПретходноГотово е: Арсенал се засилува со Конса, Џонс во Интер!
СледноСпалети во шок: Првотимец на Јуве повреден од свој навивач!(ВИДЕО)