Екипата на Рома заврши голема работа со доведувањето на супер талентот на тимот на Порто, 19. годишниот Родриго Мора.
Преговорите помеѓу двата клуба траеја со недели, а финалниот момент во договорот е што Порто го задржува правото да го откупи за 50% од сумата која што ја плаќа Рома во моментов. Истата според медиумите е 15 милиони евра.
Мора постигна 16 гола и имаше 6 асистенции на 80 натпревари во сите натпреварувања за португалскиот гигант.










