УЕФА ги прати новите правила за „повреден“ играч!

148
ФОТО: UEFA.COM

Од канцеларијата на европската куќа на фудбалот (УЕФА) до сите свои членки, меѓу кои е и Македонија, е испратен циркуларен допис со кој се појаснуваат новите правила за судиите, а поврзани со моментите на натпреварите кога еден или повеќе фудбалери се жалат на повреди.

Во дописот се наведува дека правилата мора да се спроведуваат и на домашните натпреварувања кои се во организација на секоја од федерациите.

Следуваат трите препораки од УЕФА:

1. Кога повредата влијае врз играта:
„Доколку фудбалерот остане да лежи и тоа директно влијае врз случувањата на теренот, на судијата му се сугерира да ја прекине играта пред кој било од играчите (екипите) да ја исфрли топката надвор од теренот. Во тој случај, повредениот играч мора да ја напушти играта и да остане надвор од теренот една минута.“

2. Кога топката ја исфрла соиграч:
„Доколку соиграч на повредениот играч ја прекине играта и топката ја исфрли во аут или гол-аут, а другиот играч или играчи лежат на теренот – играта се прекинува, играчот го напушта теренот и таму ќе биде најмалку една минута.“

3. Кога противникот ја исфрла топката:
„Доколку противничкиот играч ја исфрли топката во аут, а притоа на теренот лежи фудбалер од другата екипа, за да се почитува фер-плејот, а притоа повредениот играч стане, тогаш судијата има две можности: може да одлучи играчот да не мора да оди надвор од теренот за да се спречи можноста противникот намерно да ја исфрла топката за играчот кој бил паднат на теренот да оди една минута надвор. Или може да го испрати надвор и да паузира една минута ако процени дека намерно паднал (симулирал фаул или повреда) за да направи прекин.“

Четвртите судии го бројат периодот од една минута пауза на играчите кои се надвор од теренот и, во координација со главниот судија, даваат сигнал кога играчот што прави пауза може да влезе на теренот по изминатите 60 секунди.

ПретходноДобро познато име се врати во Битола
СледноВреќата со пари е готова: Тргнаа по Хари Кејн – паника во Баерн!