И тоа го има во светот на фудбалот, посебно ако е знае дека во овој спорт се “вртат“ милијарди. Познатиот италијански новинар Фабрицио Романо наводно добил закани од саудискиот клуб Ал-Ахли и бил принуден да ја избрише објавата во која ги објави деталите за трансферот на Украинецот Артем Бондаренко во овој клуб. Раководството на Ал-Ахли од Саудиска Арабија не било задоволно од фактот што угледниот италијански новинар Фабрицио Романо ги објави деталите за трансферот на украинскиот фудбалер Артем Бондаренко. Откако Романо објави дека вредноста на трансферот е 18 милиони евра, плус милион преку бонуси, раководството на Ал-Ахли реши да реагира на навистина жесток начин. Италијанецот почнл да добива закани. Саудискиот клуб беше јасен – ако не ја избрише објавата, ќе има проблеми.
„Раководството на Ал-Ахли му се закани на Роман. Тие најавија дека ќе објават и официјален демант за бројките што ги објави“, вели новинарот од Саудиска Арабија Валид Ал Фараџ.
На крајот, Фабрицио одеше по линијата на помал отпор. Избриша сè што напиша за трансферот. Секако е интересно што навивачите на овој клуб не сакаа Украинец во својот клуб. Од страв од нив, клупските челници дури и не го објавија неговото доаѓање на социјалните мрежи, туку само на официјалната страница. 25-годишниот офанзивен играч од средниот ред дефинитивно ќе има тежок период во Саудиска Арабија. Навивачите не се наклонети кон него, а раководството на клубот ја покажа својата темна страна.










