Гави го одби Јунајтед, клубот од “Олд Трафорд“ нудеше 40 милиони евра!

46
ФОТО:facebook.com/fcbarcelona/

Гигантот од “Олд Трафорд“ никако не успева ова лето да дојде до големо, екстра засилување. Манчестер Јунајтед никако не успева да ги оствари своите трансферни цели оцва лето. Најновиот удар за клубот, кој некогаш важеше за клуб за кој немаше проблем да донесе било кого е од Гави.

Тој ја отфрли можноста за трансфер од Барселона во Манчестер Јунајтед. „Гардијан“ потврдува дека шпанскиот репрезентативец не сака да оди на „Олд Трафорд“ и дека негов приоритет е да остане во Барселона. „АС“, повикувајќи се на „Дејли Мирор“, пишува дека Јунајтед бил подготвен да плати 40 милиони евра, што е сумата што Барселона би ја побарала за играчот од средниот ред. Гави, сепак, не е заинтересиран за трансфер.

ПретходноПорака до Фабрицио Романо: Бриши ја објавата или…
СледноДокументарец за Михаел Шумахер: Сите тајни за титулата од 1994, трагедијата со Сена, прва изјава на Корина…(ФОТО)