Документарец за Михаел Шумахер: Сите тајни за титулата од 1994, трагедијата со Сена, прва изјава на Корина…(ФОТО)

36
ФОТО: Instagram

Пет години по првиот документарец за Михаел Шумахер, Нетфликс најави нова продукција посветена на седумкратниот шампион во Формула 1. Филмот наречен „Шумахер ’94 – Раѓањето на една легенда“ ќе ја има својата светска премиера на 2 октомври и целосно се фокусира на турбулентната, контроверзна и трагична 1994 година, во која се роди познатата „Шумиманија“.
За разлика од документарецот од 2021 година кој ја опфати целата негова кариера, до несреќата на скијање, новата продукција се фокусира исклучиво на 1994 година – моментот кога тогаш 25-годишниот Шумахер ја освои својата прва светска титула во автомобил на Бенетон. Сезоната започна со победа во Бразил, но набрзо стана една од најмрачните во историјата на „најбрзиот циркус во светот“. Таа година, во Имола се случи трагедија, смртта на легендарните Аиртон Сена и Роланд Раценбергер го променија автомобилизмот засекогаш. Исто така, имаше многу скандали и казни, односно обвинувања за механички и технички манипулации на автомобилот на Бенетон, проследени со дисквалификации и суспензии. Да потсетиме, одлуката за шампионот падна на последната трка од сезоната во Австралија, каде што Шумахер се судри со главниот ривал Дејмон Хил и ја освои титулата со само еден бод предност. Во документарецот, режисерката Кристин Фрајтаг донесува необјавени снимки и спектакуларни кадри од патеките, но и длабока емотивна приказна за човекот зад воланот.

Во филмот, повторно зборува сопругата на Шумахер, Корина, која отворено открива детали за почетоците на нивната љубовна врска и дава ретки увиди во нивниот приватен живот. Покрај Корина, во документарецот сведочат и клучните актери од тоа време Берни Еклстоун, Флавио Бријаторе, Вили Вебер, Дејвид Култхард, Кај Ебел, Хајко Васер.

ПретходноГави го одби Јунајтед, клубот од “Олд Трафорд“ нудеше 40 милиони евра!
СледноКК Соколи посилни за Кам Хамилтон