Работнички го задржа столбот под обрачите, а тој испрати порака до фановите

88

Екипата на Работнички задржа уште еден кошаркар од минатата сезона, кој е еднакво важен за високите амбици на тимот од “Градски Парк“.

На својата официјална страница „црвено-белите“ споделија видео од Роберт Рикиќ, на кое искусниот центар испрати порака до фановите.

„Голем поздрав до нашите верни навивачи. Со големо задоволство потврдувам дека ќе го носам истиот дрес и наредната сезона. Сметам дека имаме недовршена работа на паркетот и се надевам дека со вашата поддршка и атмосфера каква што знаете да направите само вие, ќе дојдеме до заедничките цели“, изјави Рикиќ.

Рикиќ покрај Работнички во Македонија настапуваше во дресот на актуелниот првак, МЗТ Скопје и во ЕуроНикел.

ПретходноЖоао Кансело и официјално е член на Барселона
СледноОдбојкарките доживеаја дебакл на отворањето на Медитеранските Игри