Од скујачката федерација на Македонија свечено објавија дека се е подготвено за викендов во Крушево да се одржи меѓународниот Ролерски куп „Тоше Проески“.
Настанот годинава го има јубилејното десетто издание.
Церемонијалното отворање е предвидено за петок, пред спомен-куќата на македонската музичка легенда Тоше Проески. Купот традиционално ќе помине во знакот на спортски трки, дружење меѓу натпреварувачите и промоција на спортските вредности. Свеченото доделување на наградите и официјалното затворање се закажани за недела (23 август) на Градскиот плоштад во Крушево.










