Под водство на тренерот Спасев: КК Пелистер ги стартуваше подготовките!(ФОТО)

27
ФОТО: KK Pelister/FB

КК Пелистер официјално ги започна подготовките за новата натпреварувачка сезона 2026/27. Клубот влегува во овој циклус со целосно нова структура и визија за развој на тимот. Екипата сезонава ја предводи искусниот стратег Тане Спасев, кој потпиша едногодишен договор. Негов асистент ќе биде Владимир Николовски, со што се обезбедува континуитет во работата со кошаркарите.

На прозивката беа присутните сите новајлии, со исклучок на Американците кои ќе се приклучат од понеделник во Битола. Екипата ќе се подготвува со домашни спаринг партнери, а ќе настапи и на Меморијалниот турнир „Зоран Петковски-Петкото„ на 16 и 17 септември во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

Спасев имаше свој коментар за стартот на подготовките:

Пелистер е клуб со реноме. Уште од моите младински денови брендот значеше во македонската кошарка многу. А и Битола е еден од најубавите градови во Македонија. Овој проект веднаш ми се допадна. Акцентот ќе биде на млади македонски играчи, со само три странци. Мислам дека ќе биде добра средина за работа, млада енергија и се надевам ќе играме убава кошарка за публиката.

Ќе одиграме пријателски натпревари само со македонски екипи, а првиот веќе е закажан за четврти септември. Ќе играме и на меморијален турнир тука во Битола. Горе-долу ќе тестираме со речиси сите екипи од лигата.

ПретходноПовторно нема фудбал на Автокоманда: Скопје – Тиквеш се игра на ФФМ!
СледноОгненовски на местото на Стерјовски: Македонска смена на тренери во Австралија! (ФОТО)