Повторно нема фудбал на Автокоманда: Скопје – Тиквеш се игра на ФФМ!

156
ФОТО: FFM.MK

И повторно нема да има прволигашки фудбал на Автокоманда, на голема жал на фановите на Скопје – „Пиратите“. Имено ФФМ потврди дека натпреварот меѓу Скопје и Тиквеш, сепак ќе се игра на тренинг центарот “Петар Милошевски“ на Фудбалската федерација на Македонија во Скопје.

Иако беше планирано повратникот во елитата на овој меч да го игра на својот стадион, очигледно е дека истиот сеуште не е подготвен за мечеви од овој ранг на натпреварување.

Вака беше и на дуелот со Струга ТЛ кој се играше на ФФМ.

Инаку меот Скопје – Тиквеш, од 4.коло на ПМФЛ, е закажан за утре (петок) на ФФМ со почеток од 17 часот.

ПретходноСРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: M.T. ОД ПРИЛЕП ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 7.687.144 ДЕНАРИ
СледноПод водство на тренерот Спасев: КК Пелистер ги стартуваше подготовките!(ФОТО)