Незаборавно искуство во Сплит: Нашите шахисти играа со велемајсторот Најџел Шорт!

31

Овие денови во Сплит се одржува големото меѓународно финале на Плазма Спортските Игри за млади, а истото е збогатено со познати спортски легенди од различни спортови. Сите „симовци“ имаат свои идоли, а Плазма Спортските игри за млади не само што им овозможуваат на младите ѕвезди да направат фотографија со нив, туку и да одиграат натпревар.

Е токму тоа уникатно искуство го имаа и нашите шахисти – Давид Атанасовски, Илијана Велева и Катија Поп Николова. Тие не само што имаа шанса да научат некој потег од англискиот велемајстор Најџел Шорт, туку и да одиграат партија против него.

ПретходноРФМ издаде прирачник за ракометните правила на македонски јазик
СледноПремиер лигата се враќа: Арсенал тргнува во одбрана на тронот, 9 клуба со нови менаџери