Суперкуп 2026: Вардар и ГРК Охрид во Гевгелија во битка за пехарот (ФОТО)

52

И официјално. Ракометниот Суперкуп ќе се игра во Гевгелија на 2 септември (среда) со почеток од 19 часот во салата “26 април“.Познато е дека во битка за пехарот силите ќе ги одмерат екипите на Вардар и ГРК Охрид. Ова официјално беше соопштено од Ракометната федерација на Македонија попладнево.

Јасно е дека ова ќе биде уште еден спектакл, а ракометните фанови во Гевгелија, како и во цела Македонија ќе може да прослесат уште една голема битка на двата големи ривали во мак – ракометот.

Како што велат од РФМ, информациите за продажба на билетите, како и линкот за онлајн купување, ќе бидат дополнително објавени.

Со овој меч во Суперкупот, ќе стартува и новата сезона во мак – ракометот која се очекува да биде супер интересна, ако се знае дека покрај Вардар и ГРК Охрид, тука се и силните Алкалоид и Пелистер.

ПретходноБраво за Гави: Ѕвездата на Барса донираше 1,3 милиони евра за домување на 300 лица!
СледноБерокал го објави списокот за дуелот со Австрија: Тука се Димитријевиќ, Јакимовски, Рајт…