Момент за паметење: Македонските дечиња на терен со Ибрахимовиќ, Карабатиќ…(ВИДЕО)

122

Вечерната програма на Плазма Спортските игри за млади беше резервирана за Ол-стар мечот. Традиционално, на меѓународното финале, младите „симовци“ добиваат можност да заиграат фудбал рамо до рамо со познати спортски имиња од целиот свет.

Оваа година оваа посебна привилегија ја имаа и четири македонски деца – Енис Ферати, Енес Ферати, Фета Ферати и Ања Милеска. Тие беа дел од тимот на младите ѕвезди, составен од деца од Македонија, Хрватска, Србија, Словенија и Босна и Херцеговина.

А можноста да се дели теренот со вистински спортски легенди е искуство кое се памети цел живот. На спротивната страна беа имиња како Златан Ибрахимовиќ, Никола Карабатиќ и Немања Видиќ, додека тимот беше предводен од Жељко Обрадовиќ и Предраг Даниловиќ.

Крајниот резултат беше 4:4, но овојпат резултатот беше во втор план. Многу поважно беше искуството што младите „симовци“ го понесоа со себе и пораката која ја испрати овој натпревар, а тоа е дека во спортот сите се еднакви и секој има право да се натпреварува, без разлика од каде доаѓа.

Спортот поврзува, создава пријателства и ги учи децата на вредности кои се многу поголеми од самиот резултат: почит, дисциплина, тимски дух и фер-плеј.

За Македонија ова е прво учество на меѓународното финале на Плазма Спортските игри за млади, кое годинава се одржува во Сплит. А за четворицата наши млади претставници, ова ќе остане како една од оние спортски приказни кои се раскажуваат цел живот – приказна за денот кога заиграа на ист терен со своите спортски идоли.

ПретходноОва е астрономската плата на Макс Верстапен – најплатениот возач во историјата!
СледноСлавиќ ја спушти „ролетната“: Неверојатен кам-бек на Охрид за ново финале против Вардар