МИ 2026: Рељиќ запрена во четвртфиналето, остана без борба за медал

87

Македонската таекводно олимпијка, Милјана Рељиќ не успеа да го мине четвртфиналето на Медитеранските Игри во Таранто.

По првиот триумф во осминафиналето утринава, Рељиќ се појави во четвртфиналната битка во категоријата до 57 килограми и убедливо беше совладана од Тунижанката Шаима Тоуми со 2:0.

Со тоа Рељиќ не успеа да се вмеша во трката за медал на Медитеранските Игри. Претходно елиминација уште во осминафиналето доживеа и Христијан Симоновски.

ПретходноМИ 2026: Силна борба на Рустемовски и пласман во четвртфинале
СледноЕлмас го одбра дресот со број 99 во Аталанта (ФОТО+ВИДЕО)