Одличен старт на македонскиот боксер Ален Рустемовски на Медитеранските Игри во таранто. Тој во осминафиналната борба во категоријата до 60 килограми, славеше над Михајло Декиќ од Босна и Херцеговина и то со прекин од страна на судиите.
Рустемовски беше многу подобар во текот на целата борба, па главниот судија мораше да ја прекине борбата.
Во следната рунда Рустемовски во вторник за пласман во полуфинале ќе се бори против Албанецот Зенели.










