Разочарувачки старт за Јунајтед: Новајлијата Хал го победи Манчестер Ј. со 2:0 (ВИДЕО)

38
фото: Premier League @premierleague (X)

Во првиот натпревар по враќањето во англиската Премиер лига, екипата на Хал го победи Манчестер Јунајтед со 2:0. Во првото коло од новата сезона на најсилната лига во светот, Хал предводен од босанскиот стратег Јакировиќ го надмудри Мајкл Карик и со два гола во првиот дел од мечот дојде до првите три пермиерлигашки бодови.

Во 17-та минута Ламенс го сопре одличниот удар на Оливер Мекберни, но по центаршутот од корнер, мрежата на „ѓаволите“ ја затресе Семи Аџаји.

Јунајтед се обиде брзо да возврати преку Мбеумо и Доргу, но не беа прецизни. Следуваше вториот гол за домашните преку Нобел Менди кој со глава ја погоди гостинската мрежа за конечни 2:0.

Второто полувреме не донесе подобра игра од Јунајтед, кои беа целосно разочараа.

ПретходноЈусеин Болт се враќа во фудбалот
СледноМИ 2026: Силна борба на Рустемовски и пласман во четвртфинале