Македонската таекводно олимпијка, Милјана Рељиќ не успеа да го мине четвртфиналето на Медитеранските Игри во Таранто.
По првиот триумф во осминафиналето утринава, Рељиќ се појави во четвртфиналната битка во категоријата до 57 килограми и убедливо беше совладана од Тунижанката Шаима Тоуми со 2:0.
Со тоа Рељиќ не успеа да се вмеша во трката за медал на Медитеранските Игри. Претходно елиминација уште во осминафиналето доживеа и Христијан Симоновски.










