ГРК Охрид ги повика фановите за новата пресметка со Вардар вредна за пехар

119
Фото: ГРК Охрид

Денеска и официјално ќе биде спуштена завесата на меѓународниот турнир „Крсте Андоновски“ кој традиционално се одржува во СЦ „Билјанини Извори“. Во финалната пресметка имаме две македонски екипи, Вардар и ГРК Охрид, натпреварот е закажан со почеток во 20:15 часот.

Овие два тима веќе еднаш пред стартот на сезоната ги одмерија силите, исто во финале, но во рамките на струшкиот турнир, победник беше составот од Охрид.

До денешната битка за пехарот стигнаа после тешка битка, „црвено-црните“ беа подобри од Тримо Требње, додека пак ГРК Охрид после голема драма извлекоа реми против Загреб.

ГРК Охрид денеска ги повика своите фанови во сала, посака полни трибини за нов трофеј пред стартот на сезоната.

ДЕНЕСКА ВО ОХРИД:

10:30 Египет У20 – Олимпијакос
12:30 Нексе – Војводина
18:00 Загреб – Тримо Требње
20:00 ГРК Охрид – Вардар 1961

ПретходноПМФЛ: Шкендија Арачиново со победа над Арсими на Чаир ќе биде на делба на второто место на табелата!
СледноРелиќ во четвртфинале на Медитеранските игри, слаб настап за нашите пливачи