ГРК Охрид повторно на „сметка“ на Вардар дојде до нов трофеј

371
ФОТО:facebook.com/hcohrid?locale=mk_MK

Македонската пресметка во финалето на турнирот „Крсте Андоновски“ повторно му припадна на ГРК Охрид, кој повторно на сметка на Вардар успеа да дојде до нов пехар пред стартот на сезоната. Избраниците на Борис Ројевиќ славеа со 29-27 (12-10).

И на оваа средба тренерот, Иван Чупиќ не можеше да смета на комплетниот состав, без Малус, Јанковски, Лазаревски, Да Силва.

Во првото полувреме видовме изедначена игра, со тоа што водството се менуваше, а охриѓани во последните минути пред крајот успеаја да поведат со два гола разлика 12-10.

ГРК Охрид продолжи со добрата игра на двапати поведе со четири гола разлика, 17-13 и 19-15. Во 47-та минута, охриѓани не искористија шанса за нови плус четири, па вардарци дојдоа на 21-19. Иако се очекуваше пресврт, сепак домаќинот со два гола во низа дојде до ново водство од четири гола разлика (24-20), Славиќ запиша нова одбрана, но Гогов на другата страна го спречи домаќинот да дојде на плус пет. Но, ГРК Охрид тоа го стори две минути подоцна, поведе со 26-21 и се чини ја најави победата. Но, „црвено-црните“ не се предадоа, пробаа да созадат притисок, дојдоа на 26-24 на две и пол минути до крајот. Ќоески постигна важен гол за својот тим за остварување на победата.

Инаку, третото место му припадна на Загреб, кој беше подобар од Тримо Требље. Петтото место на турнирот го освои екипата на Војводина, шести е Нексе, додека на седмото место заврши Египет У20, а последен е тимот на Олимпијакос.

ПретходноСити ја најде замената за Родри, и тоа во Барселона?! (ФОТО)
СледноМолк во Истанбул: Играч на Фенер со тешка повреда на мечот со Коњаспор на Барди, загуби и свест, па итно пренесен во болница!(ВИДЕО)