Убиен е поранешниот светски шампион во бокс!

144

Светот на боксот е потресен од трагичната смрт на еден од најуспешните јужноафрикански боксери. Поранешниот светски шампион во две тежински категории, Золани Тете, беше убиен пред својот дом во Мдантсане, во Јужна Африка, на само 38 години.

Тете, кој во професионалната кариера забележа 29 победи, од кои 22 со нокаут, во историјата на боксот ќе остане запаметен и по неверојатниот рекорд – во 2017 година оствари победа со нокаут за само 11 секунди, најбрзиот нокаут во борба за светска титула. Сега, наместо да го дочека најавениот камбек во рингот, неговата кариера и живот трагично завршија пред неговиот дом.

Според првичните полициски информации, Тете пристигнал во својот дом околу 18:30 часот и чекал во својот автомобил да се отвори портата. Потоа двајца вооружени и маскирани напаѓачи излегле од друго возило и почнале да пукаат.

Со него била и 27-годишна која е однесена во болница. Тете се обидел да избега со тоа што го возел својот автомобил во дворот, но се здобил со смртоносни повреди. Напаѓачите избегале и полицијата трага по нив.

ПретходноМакедонското знаме развиорено на отворањето на Медитеранските игри во Таранто
СледноЃоковиќ призна дека бил повреден од една реакција: Почувствував горчина (ВИДЕО)