Гаштаров по брилијантниот настап во дресот на Ц. Звезда: Среќен сум, ја чекав оваа шанса

357

По извонредниот настап на мечот со Чукарички, младиот макеоднски репрезентативец Матеј Гаштаров доби многу пофалби од тренерот на Црвена Звезда, Алберт Риера. Тој во српските медиуми не криеше дека е презадоволен од настапот на Гаштаров, истакнувајќи дека македонскиот фудбалер покажал класа на теренот.

„Навистина чувството е неверојатно. Многу сум среќен поради тоа што работев трпеливо и си ја чекав шансата за да ја искористам и да се покажам во најдобро светло. Бев концентриран на тоа што бара тренерот од мене, па тоа и го спроведов на теренот. Ги покажав моите квалитети. Задоволен сум од тоа што го одиграв и среќен сум за победата“, изјави за СПОРТСПОРТ, нашиот млад репрезентативец.

ПретходноПочна тренерската клиника во Скопје
СледноСелекцијата У20 мажи патува за Софија, Шапе: “Ќе се бориме за секој поен“