Македонската кошаркарска репрезентација стартуваше со подготовките за првиот меч против Австрија во рамките на претпоследниот квалификациски цикслус за пласман во квалификациите за Европското првенство.
Во составот на Македонија се врати најдобриот наш кошаркар на денешницата Ненад Димитријевиќ, а новитет е Мозес Рајт, играчот кој доби македонски пасош.
Нашите кошаркари се слободни во првото коло, па дуелот против Австрија е закажан за 30 овој месец во Виена со почеток во 16:05 часот.
Велиме дека дуелот со Австрија е многу важен бидејќи со победа ќе завршиме половина од работите за пласман во квалификциите за ЕП на кое не сме се пласирале од 2015 година.











