Скандал во ВБНА-лига: Некогашен НБА играч беше исфрлен после конфликт со кошаркарка (ВИДЕО)

539

Поранешниот НБА кошаркар Енес Кантер беше исфрлен од натпревар во ВНБА-лигата откако вербално се судри со Наташа Клауд, кошаркарка на Чикаго.

Кантер вели дека конфликтот започнал откако тој прославил тројка на кошаркарката на Индијана, Софи Канингем.

„Канингем погоди тројка, а јас ги кренав рацете за да прославам. Неколку напади подоцна, Наташа се врати и почна да вреска и да вика, а потоа ми рече: ‘Нема да спие со тебе’“, раскажува Кантер и додава:

„Ѝ реков: ‘Не се обидувам да спијам со неа. Тука сум да ги заштитам жените и да ја поддржам’. Потоа, очигледно, таа почна да се движи кон мене, па јас станав и ѝ реков: ‘Тука сум само за да ги заштитам жените, тоа е сè’“.

Клауд кон крајот на третата четвртина му пријде на Кантер, по што обезбедувањето го изведе од теренот.

Кантер носеше маица на која пишуваше: „Жена, именка, возрасно човечко суштество од женски пол“.

Всушност, целата приказна е поврзана со дебатата за статусот на трансродовите спортистки во женскиот спорт.

Кантер, пак, инсистира дека разменетите зборови со Клауд немале никаква врска со прашањето за трансродовите лица, ниту со неговите планови да се натпреварува во ВНБА-лигата.

ПретходноШК Алкалоид тргна во одбрана на двојната круна
СледноЧеферин му испрати жестока порака на Инфантино: Не ме интересира…