Ѓорческа против Јапонката Хонтама на стартот од квалификациите на УС опен

92
фото: mtftennis.mk

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска ќе го има првиот настап на годинашниов УС опен. Таа во квалификациите ќе игра против Маи Хонтама од Јапонија. Хонтама има 26 години, таа е рангирана на 171.место на ВТА листата.

Ривалката на Ѓорческа најдобриот ранг го имала, кога била на 105.место (5.август 2024 година).

Мечот се игра како втор според денешната програма на теренот број 16, а почетокот на првиот меч е во 17 часот.

ПретходноМногу промени на АТП листата – Ѓоковиќ на своето и покрај фијаското
СледноПМФЛ: Дерби за уживање – максималната Шкендија против Струга ТЛ