По извонредниот настап на мечот со Чукарички, младиот макеоднски репрезентативец Матеј Гаштаров доби многу пофалби од тренерот на Црвена Звезда, Алберт Риера. Тој во српските медиуми не криеше дека е презадоволен од настапот на Гаштаров, истакнувајќи дека македонскиот фудбалер покажал класа на теренот.
„Навистина чувството е неверојатно. Многу сум среќен поради тоа што работев трпеливо и си ја чекав шансата за да ја искористам и да се покажам во најдобро светло. Бев концентриран на тоа што бара тренерот од мене, па тоа и го спроведов на теренот. Ги покажав моите квалитети. Задоволен сум од тоа што го одиграв и среќен сум за победата“, изјави за СПОРТСПОРТ, нашиот млад репрезентативец.










