Ракометната Федерација на Македонија денеска со соопштение информираше дека екипата на ЖРК Куманово се исклучува од Суперлигата. Според известувањето, согласно член 23 од пропозициите за натпреварување во Супер женската ракометна лига, ЖРК Куманово нема да биде дел од елитното друштво.
„Согласно ранкингот од натпреварувачката сезона 2025/26, РК Деспина е нов член на Супер женската ракометна лига. Ова следува по претходно донесената одлука на ЖРК Овче Поле СУ да продолжи да се натпреварува во Првата женска ракометна лига“, се вели во соопштението.










