Ангели со промена на тренерското место, Мокров на местото на Гацов

173
фото: Angeli Skopje (FB)

Кошаркарскиот клуб Ангели денеска и официјално потврди дека ќе има промена на тренерското место за следната сезона. Клубот кој испадна од Суперлигата во новата прволигашка сезона ќе биде предводен од Златко Мокров, кој ја имаше улогата на асистент на досегашниот тренер Игор Гацов.

Мокров е искусен стручњак кој во минатото има работено и во Работнички, Вардар и Академијата на ФМП.

Во екипата на Ангели, Мокров имаше свој ангажман во неколку минати сезони. Тој исто така ќе биде тренер и на младинскиот тим на Ангели до 20 години.

ПретходноМИ 2026: Уште едно разочарување, одбојкарките поразени и од Косово
СледноШампионот отвори фуриозно, Тиверија Брера со најубедлива победа!