МИ 2026: Избраниците на Таневски со убедлив пораз од Турција

190

Македонија вечерва во меч од 2.коло во групата А на Медитеранските игри во Таранто, беше убедливо поразена од селекцијата на Турција со 3:0. Па така со овој пораз речиси ги загубивме шансите за пласман во следната фаза.

Турците беа далеку подобри од избраниците на селекторот Александар Таневски и со трите гола на Озкан, во 26., 41. и 60. минута сосема заслужено славеа.

Македонија, всушност ова е У-20 селекција, на овој меч настапи со:

Радески, Велков, Мурати, Атанасовски, Шаботиќ, Арифи, Манојлов, Николовски, Илоски, Делов, Тасев.

Играа уште и Матески, Бојаџиев, Голубов, Стојановски, Незировски.

ПретходноХет-трик на Мален: Рома ја декласира Фиорентина
СледноЖоао Педро погоди во 32 секунда: Победнички старт на Чаби Алонсо со Челзи!